Рецепт за печурки со компири во кисела павлака, едноставен ручек и евтини состојки

Фото: Flickr

Рецептот за едноставно јадење со компири и печурки е одлично решение кога ви треба нешто што брзо и лесно се подготвува.

Кога немате многу време да подготвите комплицирана храна, ви предлагаме да направите вкусно јадење со компири и печурки. Покрај едноставноста, јадењето со компири и печурки е и прилично евтино, а може да се послужи и посебно или како прилог. Се крчка во сос од павлака за готвење, а најдобро се комбинира со кисели краставички.

Состојки:

– 700 грама компири
– 500 грама печурки
– 2 чешниња лук
– 1 кромид
– 100 мл павлака за готвење
– зачини по вкус

Рецепт за печурки и компири од тава:

Кромидот и лукот се сечкаат, па се пржат на масло додека да омекнат. Потоа извадете ги од тавата и додајте ги сечканите печурки. Пржете додека течноста целосно не испари, а потоа додајте ги ситно сечканите компири. Пржете додека не добијат златна боја, а потоа вратете го кромидот и промешајте.

Зачинете по желба, сипете ја павлаката, промешајте, па поклопете и динстајте уште 15 минути. Послужете со кисели краставички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот