Рецепт за неверојатен деликатес од Дијана Иваноска: Медова торта (Медовик)

Foto: Privatna arhiva

Дијана Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови. Своите рецепти почнала да ги споделува со своите следбеници и пријатели од почетокот на пандемијата.

– Го сакам секој дел од процесот, но најмногу уживам во фотографирањето на храната – ни открива Дијана.

Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за едно вистинско гастрономско уживање – медова торта (Медовик).

Foto: Privatna arhiva

– Иако изгледа прилично комплицирано оваа торта многу лесно се прави. Слоевите тесто се печат кратко 4-5 минути, бидејќи се тенки и целосно не одзема многу време, а е многу вкусна. Најважно е да се излади преку ноќ, за да се спојат вкусовите и да омекне тестото од кремот. Се надевам ќе ја пробате – порачува Дијана.

Foto: Privatna arhiva

Состојки:

За тестото:

– 160 г шеќер

– 60 г путер

– 125 г мед

– 3 јајца

– 1 лажиче сода-бикарбона

– 590 г брашно

За кремот:

– 200 г слатка павлака

– 550 г кисела павлака

– 200 г маскарпоне или крем-сирење

– 150 г шеќер во прав

– 1 лажиче ванила екстракт

Foto: Privatna arhiva

Подготовка:

Во тенџерче ставете ги шеќерот, путерот и медот. Загревајте на средна температура додека почне благо да врие. Додаде сода-бикарбона и мешајте, смесата ќе почне да пени од реакцијата со сода-бикарбоната. Намалете ја температурата и мешајте цело време, 5-6 минути додека смесата добие убава карамел боја.

Оставете да се излади 10 минути. Додајте ги јајцата и измешајте. Со брашното замесете тесто и поделете го на 10 топчиња. Ставете ги во фрижидер покриени со фолија да се ладат околу 1 час.

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.

Секое топче тесто исечете го во круг 20 см.

Оставете ги и вишокот тесто од страна да се испече.

Секој слој се пече 4, 5 минути.

Тестата треба целосно да се изладат пред да се нанесе кремот.

Изматете ја слатката павлака, но не премногу цврсто.

Во друг сад изматете ги другите состојки за кремот. Додајте ја и слатката павлака и матете додека се соединат убаво.

Остатоците тесто и едниот слој тесто сомелете ги во процесор за храна.

На секој слој ставете 2,3 лажици од кремот. Со остатокот од кремот филувајте ја тортата од надвор. Обложете ја тортата со трошките од тесто.

Изладете ја преку ноќ пред послужување.

Уживајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот