Рецепт за намаз од костени, подобар и од чоколадниот

Фото: Carlo Amodeo / Alamy / Alamy / Profimedia

Зад називот „crème de marons“ се крие традиционален француски намаз од костени, кој едноставно мора да го пробате доколку сте љубители на овој вкусен есенски плод. Со него можете да полните палачинки, класично да го мачкате на леб, да го користите како фил за колачи или едноставно да го јадете само така.

Состојки:

– 1 кг нелупени костени
– 250 мл вода
– 250 г шеќер
– 1 лажичка екстракт од ванила
– прстофат сол

Подготовка:

Прво испечете ги костените, а потоа излупете ги.

Префрлете ги во сад, покријте ги со 2-3 прста вода, оставете ги да зовријат и варете околу 15 минути на тивок оган со повремено мешање. Во друг сад измешајте шеќер и вода и варете на тивок оган додека шеќерот целосно не се растопи.

Исцедете ги костените, ставете ги во блендер, додадете четвртина од шеќерниот сируп и изблендирајте. Можете да користите и миксер за стапчиња. Добиеното пире префрлете го во сад со остатокот од шеќерниот сируп, додадете сол и екстракт од ванила и варете неколку минути мешајќи додека смесата не се згусне. Тргнете од оган, оставете да се излади, чувајте го во тегла, во фрижидер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот