Рецепт за мека штрудла со тиква и цимет

Фото: Rezeda Kostyleva / Panthermedia / Profimedia

Десертите од тиква се меѓу најубавите есенски задоволства, а оваа година задолжително пробајте ја домашна штрудла од која ќе мириса убаво целата куќа.

Постојат многу начини како да ја употребите тиквата во кујната – таа е идеална состојка за многу јадења, од солени до слатки, одлична е во чорба, но сепак најубава како сочен фил во колачи!

Иако правењето штрудла понекогаш може да изгледа како да има многу работа, оваа верзија ќе ви се допадне бидејќи е брза, а резултатот е десерт за паметење.

Состојки:

За кората:

– 600 грама брашно
– половина коцка квасец
– 350 милилитри топла вода
– 6 лажици масло
– 3 лажици шеќер
– прстофат сол

За филот:

– 1,5 килограми тиква
– 3 лажици презла
– 300 грама шеќер
– цимет по вкус

За посипување:

– шеќер во прав по вкус

Подготовка:

Тиквата убаво измијте ја, исчистете ја и изрендајте ја што поситно. Потоа додадете околу 150 грама шеќер и ставете го на тивок оган, така што тиквата го ослободува сокот додека шеќерот се раствора. Потоа промешајте, додадете го преостанатиот шеќер и оставете го да се растопи со повремено мешање. Извадете и оставете да се излади, па додадете цимет и презла, повторно измешајте и оставете го на страна.

Во сад издробете една коцка квасец, истурете шеќер и малку топла вода и добро промешајте, па оставете го пет минути да се „активира“. Потоа додадете брашно, масло, вода и сол, па месете додека не добиете еластично тесто. Додадете брашно по потреба.

Потоа поделете на три дела за да добиете три штрудли.

Со сукало расукајте ги парчињата да не биде многу тенко, најмногу до 4 милиметри, па намачкајте го филот од тиква. Завиткајте во ролнички и печете околу 50 минути, во рерна загреана на 180 степени.

Откако ќе се испече, оставете ја штрудлата да се излади, па посипете со шеќер во прав и исечете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот