Рецепт за мафини со бело месо и помфрит: Ваков деликатес не сте пробале

Фото: Принтскрин/Јутјуб/TWISTED

Мафините се правеле уште одамна и некогаш биле едноставен деликатес, а денес има безброј рецепти. Можете да направите мафини во солена и слатка варијанта, а денеска ви го предлагаме убедливо најдобриот рецепт.

Направете мафини од лиснато тесто полнети со бело месо и зеленчук, а потоа одозгора ставете помфрит. Оваа комбинација на состојки е неодолива, а и изгледаат совршено, па можете да ги послужите и на празничната трпеза.

Состојки:

– 2 пакувања лиснато тесто
– 70 грама путер
– 1/2 кромид
– 2 чешниња лук
– 1 морков
– 70 грама брашно
– 600 мл супа (бујон)
– 200 мл павлака за готвење
– 3 пилешки филети
– 1/2 конзерва грашок
– 1 лажичка сушена мајчина душица
– 2 шолји помфрит

Подготовка:

Лиснатото тесто развлечете го и со чаша направете кружни форми. Секој круг лиснато тесто ставете го во калап за мафини и добро притиснете (на работ и на дното). Во тава растопете го путерот, па пропржете го ситно исечканиот кромид. Кога ќе омекне се додава мелениот лук и по една минута се додава сечканиот морков. Кога ќе омекне, додадете го брашното и убаво измешајте. Сипете го бујонот и брзо измешајте, а потоа сипете ја павлаката за готвење.

Белото месо сварете го, па ситно исечкајте го и додадете го во сосот. Промешајте, па додадете го процедениот грашок. Посолете, побиберете и посипете мајчина душица, па сè убаво измешајте. Кога смесата ќе почне да врие, тргнете ја од шпоретот.

Помфритот исечкајте го на помали ленти. Потоа, наполнете ги калапите за мафини со смесата од бело месо и посипете ги со помфрит. Печете ги мафините во загреана рерна на 200 Целзиусови околу 20 минути.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот