Рецепт за француска салата, а еве зошто треба да ја јадете токму денеска

Фото: Профимедиа

Француската салата е одличен избор бидејќи содржи јајца и кисели краставички кои ќе го снабдат организмот со електролити и мајонез кој е мрсен и одлично оди со алкохол, па во празничните денови исполнети со алкохол нема да бидете толку „скршени“. Токму ова е една од причините зошто француската салата често се служи во текот на новогодишните празници.

Рецепт за убава француска салата

Состојки:

– 450 г замрзнат грашок
– 450 г компири
– 450 г моркови
– 400 г кисели краставички
– 5 јајца
– 300 г мајонез
– 1 кисела павлака
– 1 лажичка сенф
– сол и црн пипер

Подготовка:

Зеленчукот згответе го посебно за да биде совршено, бидејќи ако го соедините заедно може да се случи, на пример, компирот да се свари порано, а грашокот или морковот подоцна, па некои да бидат кашести, а други премногу тврди. Сварете ги и јајцата.

Потоа сите состојки што треба да се сечкаат, исечкајте ги на еднакви парчиња. Измешајте ги со мајонезот, киселата павлака и зачините, па ставете ја салатата во фрижидер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот