Рецепт за баклава, „кралицата“ на трпезата за Бајрам

Фото: Профимедиа

Денеска се слави големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, а кога станува збор за обичаите и традииците на трпезата, овој значаен верски празник не може да се замисли без баклава.

Баклавата е едно од најстарите познати турски јадења. Неговата популарност датира од 15 век.

Ние ви го пренесуваме еден од најдобрите рецепти.

Состојки:

– готови кори за баклава (1 килограм)
– 900 грама мелени ореви
– 100 грама крупно мелени ореви (сечени со нож)
– 150 грама шеќер
– 250 грама путер
– 100 милилитри масло

Агда:

– 1 килограм шеќер
– вода
– лимон

Подготовка:

Подгответе ја агдата (шербетот): истурете шеќер во тенџере и покријте го со вода (водата да биде два прста над шеќерот). Варете околу 20 минути (посилна температура), можеби и помалку – понекогаш не треба да биде премногу густа (густината треба да биде помеѓу сируп и вода). Додадете лимон.

Агдата мора да се излади пред да се прелие врз баклавата.

Корите исечете ги според големината на плехот во кој ќе се пече баклавата.

Потоа растопете го путерот (на тивок оган, внимавајте да не ја промени бојата) и измешајте го со маслото.

Во плехот за печење прво ставете три кори кои од горната страна ги премачкувате со путер и масло (оваа смеса нека биде топла, тоа ќе ѝ даде крцкавост на кората), па врз неа ставете исечени ореви. Потоа ставете две кори, па смеса од путер и масло (смесата можете да ја ставите на секоја кора), па мелени ореви (кои претходно сте ги измешале со 150 грама шеќер).

Одете по тој редослед до крај.

На крајот баклавата покријте ја со три кори и тоа така што секоја ќе ја премачката со путер, освен последната.

Пред да ја исечете баклавата притиснете ја со дланките и сè израмнете. Потоа баклавата исечете ја на парчиња во форма на дијамант.

Баклавата потоа се става во рерна: прво десетина минути на 190 степени додека не добие светло кафеава боја, а потоа печете ја 45 минути на 150 степени. Ако мислите дека ќе биде премногу темна, покријте ја со алуминиумска фолија и продолжете со печењето.

Проверете дали е печена така што ќе ја раздвоите баклавата со вилушка и ќе погледнете дали и дното е испечено.

Топлата баклава прелијте ја со ладна агда и притиснете ја со тавче или плех да се израмнат корите, но баклавата не би требало да се поче повеќе од десет минути.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот