РЕЦЕПТ | Уметница во живот, уметност на трпезата: Елена Николоска Цветковиќ ни подготви ролат од тиква

Фото: Приватна архива

Уметницата и мејк-ап артист Елена Николоска Цветковиќ, ни го разубавува денот со есенски рецепт, во нијанси на ова годишно време.

-Есента ја обожавам најмногу поради тиквата, па потоа – зимниците, шарените дрвја и отсуството на комарци – ни открива Елена и додава – Кога ќе се појават убавите тикви на пазар, едноставно не можам да им одолеам.

Од кралицата на есента – тиквата, овојпат Елена подготви ролат.

Фото – Приватна архива

Ролат од тиква

  • 3 јајца се матат со 170гр. шеќер убаво да се разложи шеќерот, потоа се додаваат следните состојки:
  • 1 лажица ванила екстракт
  • 1/4 лажичка ѓумбир
  • 1/4 лажичка мелено каранфилче
  • 1 и 1/4 м.лажичка цимет
  • прстофт сол
  • 1/2 лажичка пециво
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • Се мати убаво со миксер. Потоа се прекинува со мешање со миксерот и се продолжува рачно, се додава 240гр пире од тиква кое се меша со лажица.
На крај се додава брашно околу 150гр., и тоа се меша постепено со лажица.
Откако ќе се добие хомогена густа смеса, се става во плех на хартија за печење. Се размачкува еднакво низ плехот и се става да се пече во претходно загреана рерна на 200C.
Откако ќе се испече, се префрла пандишпанот на крпа, на која претходно сме наросиле прав шеќер и додека е топол, полека се мота како ролат. Се остава да се излади.
Во меѓувреме се прави филот. Но претходно се сечкаат ситни парчиња тиква кои се ставаат во рамен сад и се попрскуваат со шеќер во прав и малку густин. Се дробат и ореви.

За филот потребно е најпрво со миксер убаво да се изматат:

  • 150гр. омекнат путер на собна температура, на ова се додава
  • 150гр. шеќер во прав, се мати, потоа се додава
  • 300гр. крем сирење кое е на собна температура, на крај се додава
  • 1 лажичка. густин, 1 лажичка ванила екстракт и сè заедно се миксира за да се добие хомогена кремаста смеса.

Потоа, откако убаво е изладен пандишпанот, се одмотува од крпата…

Целиот текст и фотографиите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот