Реал најде формула за да го донесе Погба во јануари

twitter.com/Realmadridplace

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не успеа во намерата ова лето да го ангажира Пол Погба од Манчестер јунајтед, но се чини дека трансферот ќе биде реализиран во зимскиот преоден рок.

Според последните случувања на релација Манчестер јунајтед – Реал Мадрид, англискиот тим е подготвен да го продаде Погба само под еден услов. „Црвените ѓаволи“ немаат намера да ја спуштаат цената која ја бараат за Французинот во ќе прифатат да го продадат доколку во трансферот биде вклучен Тони Крос кого го мамат со голема плата и лидерска улога во тимот.

Зидан не планира да застане со Погба и подготвува француска револуција на „Сантијаго Бернабеу“, со ангажирање уште и на Н’Голо Канте од Челси и на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот