Реал Мадрид царува во фудбалот
Консултантската куќа „Brand Finance“ го проценува Реал Мадрид на 1.67 милијарди евра со што е највреден фудбалски клуб со светот. Иако Реал Мадрид има катастофална сезона во која не освои ниту еден трофеј, големата популарност низ целиот свет, но и неодамна потпишаните маркетиншки договори ја кренаа вредноста на „кралскиот“ клуб.
Шпанскиот клуб на првото место го смени англискиот Манчестер јунајтед кој е проценет на 1.47 милијарди евра. Како главна причина за симнување од тронот на Јунајтед, е слабата сезона во Премиер лигата која предизвика пад на акциите на клубот.
Шпанскиот шампион Барселона се наоѓа на третото место со пазарна вредност од 1.39 милијарди евра.
Веднаш зад водечката тројка е германскиот Баерн Минхен со вредност од 1.31 милијарда евра, а веднаш зад него се уште две англиски екипи, Манчестер сити (1.25 милијарди) и Ливерпул (1.19 милијарди)