Реакција од ФК Работнички: Не може само Вардар да биде привилегиран на сметка на сите останати

Според ФК Работнички многу фудбалски клубови имаат тешкотии во финансирањето/фото: ФК Работнички

Фудбалскиот клуб Работнички реагира на одлуката на Советот на Град Скопје за финансиска помош од 15 милиони денари за ФК Вардар, како помош на клубот за исплата на задоцнети плати за фудбалерите.

Во основа, ФК Работнички нема ништо против помошта што Град Скопје му ја доделува на ФК Вардар, но потенцира дека се заборавени останатите клубови од главниот град.

– ФК Работнички е фудбалски бренд од метрополата и Македонија воопшто, клуб формиран далечната 1937 година кој гордо го носи епитетот Херојот од Дебар Маало. Оттаму сметаме дека Градот Скопје треба да смогне сили и да најде начин да ги помага и другите клубови, посебно прволигашите кои имаат и европско педигре.

Во овој тежок период и останатите фудбалски клубови во Македонија имаат тешкотии во финансирањето, а ФК Работнички е единствениот клуб од Скопје кој своите натпревари ги игра на арената „Тодор Проески“ и одвојува значителни средства за таа намена.

Би сакале да напоменеме дека ФК Работнички не е против одлуката да биде помогнат ФК Вардар, но не смее да биде само еден клуб привилегиран на сметка на сите останати. ФК Работнички во последните 15 години нема добиено никаква помош од Градот Скопје или било која друга градска институција – вели извршниот директор на ФК Работнички, Иван Поповски.

Роденденски подарок за ФК Вардар: „Црвено-црните“ добиваат 15 милиони денари од Град Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот