Разбојници врзале богати сопственици на француски замок и украле накит и пари во вредност од 2 милиони евра

Фото: Профимедиа

Сопственици на замок од 17. век биле заврзани од разбојници, а потоа нивниот раскошен дом бил опустошен.  Крадците на крајот успеале да соберат накит и пари во вредност од 2 милиони евра, открија властите во Франција, а пренесе британски „Гардијан“.

Платата Во-ла-Викомт, сместена среде ракошни градини на 50-тина километри југоисточно од Париз, е во сопственост на истото семејство уште од 1875 година. Патрис и Кристина де Вогеј го отвориле замокот за јавноста во 1968 година, и го водат со своите три сина.

Обвинителката Беатрис Анџелели-Ламот, изјави дека имало шест разбоијници и тие најверојатно не биле вооружени.

Замокот претставува најголемата локација на француското културно наследство која е во приватна сопственост и се простира на површина од над 500 хектари. Во просек, него го посетуваат околу 250.000 туристи годишно.

Во-ла-Викомт често пати во филмовите и сериите се користи за да го замени светски познатиот замок Версај, а може да се забележи и во филмот Џејмс Бонд на холивудската ѕвезда Роџер Мур. Многу од познатите светски и холивудски ѕвезди на оваа локација организираат забави и свадби, како францускиот кошаркар Тони Паркер и ѕвездата на „Очајни домаќинки“ Ева Лонгорија во 2007 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот