Рамос суспендиран на три натпревари поради црвениот картон против Ремс

фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

ПСЖ во натпреварот од 10 коло во најсилното француско првенство ремизираше на гостински терен против Ремс со резултат 0:0.

Од 41 минута ПСЖ имаше играч помалку откако беше исклучен беше Серхио Рамос. Шпанскиот дефанзивец прво доби жолт картон, а после тоа и вториот поради протестите кои ги упати кон главниот судија.

Дисциплинската комисија на шпанската фудбалска федерација му одреди казна од три натпревари кои ќе ги пропушти.

Ќе го пропушти дербито за три дена против Марсеј, потоа гостувањето кај Ајачио, и уште еден домашен дуел против Троа. Враќањето се очекува да биде на 6 ноември во „Лига 1“ пред своите навивачи против Лориен.

Со оглед на тоа дека ќе паузира во првенството, Рамос најверојатно ќе биде во составот на Кристоф Галтие во Лигата на шампионите за натпреварите против Макаби и Јувентус на 25 октомври и 2 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот