Рамос не знае да промаши откако си замина Кристијано Роналдо

фото: твитер

Последен пат дефанзивецот Рамос не реализираше во пролетта 2018 година, кога „кралевите“ загубија од Севиља со резултат 2:3.

Капитенот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, беше стрелец на еден гол во ремито со Селта синоќа на „Сантијаго Бернабеу”. Мечот заврши 2:2, а Рамос погоди од пенал во 65. минута.

Тоа беше негов петти гол досега сезонава во шампионатот, пред него во клупските редови е само францускиот интернационалец Карим Бензема со 13 погодоци.

Откако Кристијано Роналдо замина во Јувентус, Рамос имаше 12 успешни обиди од 12 удари од белата точка, девет во Ла Лига, два во купот и еден во шпанскиот Супер куп.

Последен пат Рамос не реализираше во пролетта 2018 година, кога „кралевите“ загубија од Севиља (2:3).

Моментно на табелата во најсилното шпанско фудбалско првенство екипата на Зидан моментно е на првото место со 53 бодови, еден повеќе од второпласираната Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот