Рамадани за СП: Ако Борисов направи влада, тоа е добра шасна за решение, па преговори во декември

исмет рамадани
Исмет Рамадани, поранешен пратеник

Според аналитичарот Исмет Рамадани, со Извештајот на Европската комисија се повторува оценката дека имаме умерен напредок во скоро сите области и се препорачува започнување на преговорите за членство, но од тоа имаме само задоволство за успехот и ништо повеќе.

– Но, познато ни е дека препораката на Европската комисија не се прифаќа во Европскиот совет каде се лидерите на земните-членки. Таму има сосема поинаква поставеност кон проблемот со Македонија и Бугарија. Така што, овој извештај на ЕК за нас не значи ништо освен сатисфакција дека сме ги исполниле условите за почеток на преговорите, затоа што нема никаква гаранција дека Европскиот совет во декември навистина и ќе донесе таква одлука. Ние треба да се свтриме кон највлијателните земји во ЕУ. Американската администрација има некои добри индикатори дека во Софија на изборите може да победи ГЕРБ на Бојко Борисов и да формира влада. Ако се случи тоа, ако има влада без радикални елементи како што беше Каракачанов, треба да го искористиме тој поволен момент. Да се надеваме дека со притисок од САД, влијание на ЕУ, со новата бугарска влада ќе се најде решение и ќе ги почнеме преговорите со ЕУ – вели Рамадани за „Слободен печат“.

Тој додава дека по самитот во Крањ имаме нова, посуштинска и посвежа порака дека иднината на регионот е во ЕУ по дамнешната дадена по самитот во Солун во 2003 година, како и заклучоци за проширувањето на Унијата.

– Конкретно, сите овие моменти нашата дипломатија треба да ги искористи – вели тој.

Рамадани додава и дека поволен момент за нас е што авторитативните власти во дел од земјите од ЕУ полека ги губат своите позиции, а се зајакнуваат проевропски ориентираните опции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот