Рама: Опозицијата со предзборните собори ја шири заразата во земјата

epa08931716 Albanian Prime Minister Edi Rama (R) speaks with a nurse before he receives a dose of the Covid-19 vaccine at the Air Albania Stadium in Tirana, Albania, 11 January 2021. Albania has secured 500,000 doses so far. EPA-EFE/Malton Dibra

Од приморскиот град Валона, каде одблиску го следеше процесот на вакцинација, албанскиот премиер Еди Рама остро ги критикуваше опозицијата и претседателот Илие Мета за нивното однесување во последно време.

Рама истакна дека ова што се случува секој ден со толпи од минатиот век кои се собираат со два подигнати прста, ќе придонесе за зголемување на бројот на заразени, алудирајќи на предизборните собири на опозицијата без да се почитуваат анти-ковид мерките.

– За жал, имаме енергија за зарази, што се произведува секој ден со уличните свадби на оние кои го ставија интересот на партијата и интересот за власт над интересот за здравјето на луѓето. И ова ќе заврши наскоро, молејќи се цената да не биде голема. Она што се случува секој ден со собири од минатиот век, кои се движат во толпи со два подигнати прста, ќе го зголеми бројот на заразени, што е неизбежно, рече Рама.

Тој уште еднаш се задржа на „блокадата на меѓународниот аеродром во Тирана”.

– Морам да ве потсетам дека имавме мало забавување во извршувањето на нашиот план за динамиката за овие два дена, како резултат на апсурдната блокада, на лудиот удар зададен на аеродромот, со ѓаволска идеја за блокирање на вакцинацијата за недели и во исто време на поттикнување очај и хаос како што е во природата и материјата на организаторите и поттикнувачите на тој удар, додаде Рама.

Премиерот го нападна шефот на државата Илир Мета, велејќи дека е официјално кандидат во Валона, под логото на неговата политичка партија (Движење за социјалистичка интеграција), чиј лидер беше до изборот за претседател а го наследи неговата сопруга Моника Круемади, и оти продолжува со средби со поранешните обвинители и судии отпуштени поради тоа што не го поминале ветингот.

Според Рама, планот за половина милион вакцининирани до мај станува реалност и најави почеток на вакцинација в понеделник на лицата над 60-годишна возраст.

– Со овој план ги погодуваме алките на синџирот на инфекции и гарантираме дека ќе имаме многу поолеснителна туристичка сезона. Ќе почнеме со вакцинирање на целиот персонал во хотелската индустрија. Добрата вест е што в понеделник почнуваме со вакцнација на лицата над 60-годишна возраст. Да дадеме се од себе заедно, порача Рама.

Рама редовно објавува фотографии од изборни собири на опозицијата, каде се гледа масовно присуство на граѓани, како што е и од денешниот собир во пограничниот град Маќелара. вт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот