Рама од ОН повика на признавање на Косово

Еди Рама
Еди Рама / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

 Албанскиот премиер Еди Рама во говорот пред Генералното собрание на ОН побара земјите што сè уште не ја признале независноста на Косово, да го сторат тоа.

Тој рече дека „суверенитетот на Косово е реалност која трае 13 години и оти секој треба да ја прифати”.

Рама оцени и дека Генералното собрание на ОН никогаш нема да биде целосно без Косово.

– Ова големо Собрание не е и нема да биде комплетно без една од државите во нашиот регион, Република Косово. Ме слушнавте многу пати како повикувам за признавање на независноста на Косово. Тоа не е опсесија, тоа е повик да се признаат новите реалности во срцето на Европа, на Западен Балкан, каде што се роди нова држава со помош на меѓународната заедница, рече Рама.

Тој изрази верување дека „Србија само со претпазливост ќе успее да се ослободи од товарот од минатото”.

Рама, исто така, рече дека го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина „како единствена можност што ќе донесе меѓусебно признавање на двете земји”.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот