Рама и Столтенберг се слушнале по телефон околу хакерските напади врз Албанија

Еди Рама / Фото: SOEREN STACHE / AFP / Profimedia

По хакерските напади врз институциите во Албанија, за кои Тирана го обвини Иран и ги прекина дипломатските односи со државата, денеска телефонски разговарале албанскиот премиер Еди Рама и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

По разговорот, Стoлтенберг на Твитер напиша дека НАТО „ќе понуди целосна поддршка и солидарност со Албанија“.

– За сајбернападите против нашиот сојузник Албанија, кои многу сојузници му ги припишуваа на Иран, НАТО ќе продолжи да дава поддршка и да стои во целосна солидарност со Албанија, напиша Столтенберг.

На истата тема, Рама вчера се слушнал и со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој го осудил нападот на 9 септември врз албанските гранични контролни системи, кој следеше по хакерските напади врз владините системи на Албанија на 15 јули. Албанија по неколку недели соопшти дека спровела истрага која недвојбено покажала дека хакерите имале поддршка од Техеран.

Блинкен ја истакнал важноста на соработката меѓу САД и Албанија, како сојузник во НАТО, за регионалната безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот