Рама: Болниците во Албанија денеска се многу подобри отколку во времето на Сали Бериша

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

Албанскиот премиер Еди Рама ја обвини опозицијата дека продолжува со нехумани, нечовечки изјави за состојбата со коронавирусот во земјата.

Рама рече дека опозицијата „исфрла отров од уста, заради политички цели и власт”.

-Во болница во Белгија, заразени лекари и медицински сестри беа принудени да продолжат да работат, затоа што немаат друга можност. Замислете во Холандија, земја која има силна економија, па дури и во Германија, размислуваат за алтернативи, бидејќи не знаат каде да ги носат болните. Дури и таму каде што се случуваат нештата, не се слушаат никакви нехумани, нечовечки изјави, рече Рама.

Додаде дека опозицијата во Белгија не излегла да ја обвинува владата за државен тероризам, иако се носат екстремни одлуки.

-Опозицијата испушта отров за политички цели и за власт. Дури и во Косово, не се зборува со овој речник. Како може да се убедат, вие им ја кажувате реалноста а кога ќе им се каже тие велат дека тоа е пропаганда, додаде Рама.

На обвинувањата на опозицијата за колапс во болниците и недоволната грижа и несоодветните услови, Рама истакна дека болниците во Албанија денес се многу подобри отколку во времето кога владееше поранешниот премиер Сали Бериша.

-Во Албанија не постојат веќе болниците на Сали Бериша. Нив ги нема. Секако има проблеми, но не е како што беше. Погледнете во болница во Фиер , таа е средена, но излегува еден лав од картони и поттикнува група луѓе и ги плаши по клиниките,велејќи дека јас нешто кријам. Тоа се фабрикувани материјали. Денес сме горди што постигнавме многу, изградивме систем за заштита од ова зло, исто како и системите на земјите од ЕУ, изјави Рама за време на прстојот во градот Фиер.

Претходно лидерот на опозициската Демократска партија, на Фејсбук постираше видео запис токму од Фиер и напиша: „Видете што од вас крие Рама.“ На снимката има голема група луѓе, еден до друг, кои чекаат пред лабораторија за медицинска анализа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот