Рама би заминал во Минск за да посредува во надминување на политичката криза

Албанскиот премиер Еди Рама, во својство на претседавач на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) изрази подготвеност да го посети Минск и да разговора со сите страни, вклучени во конфликтот, јави телевизијата Топ чанел.

Според теливизијата, Рама би отпатувал за Минск заедно со министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде, земја која следната година го презема претседавањето со ОБСЕ.

И главните актери на европската политика се движат во иста насока, наведува телевизијата и додава дека пред денешниот вонреден самит на ЕУ за Белорусија, Европскиот совет, Шарл Мишел телефонски разговарал со Рама.

Извори блиски до премиерот Рама за Топ чанел изјавија дека тој во изминатите неколку дена имал интензивни контакти поради кризата во Белорусија и вклученоста на ОБСЕ во неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот