Рама: Ако опозицијата победи на 25 април, тогаш ќе прекине започнатиот процес на обнова

Фото: EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

Албанскиот премиер Еди Рама, презентирајќи ја програмата за обнова на последиците од катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември во 2019 година, ја нападна опозицијата, велејќи дека ако тие победат на 25 април, овој процес ќе биде прекинат на половина од неговата реализација.

– За мене, процесот на реконструкција е процес на потврдување на нашата амбиција, процес на докажување на вистината на нашиот збор дека никогаш нема да оставиме никого сам, тоа е процес на истакнување на многу голема разлика помеѓу нас и оние кои тврдат дека се враќаат со добивање мандат, бидејќи тие не направија ништо, воопшто не се променија. Дали некој мисли дека овој процес може да заврши, ако на 25 април се прекине овој процес и ако на 25 април судбината на земјата падне во рацете на оние кои се познати по уништувањето што го направија, изјави Рама.

Според него, точно е дека семејствата погодени од катастрофалниот земјотрес сакаат што побрзо да се вратат во своите домови, но оти тоа е процес кој трае подолго време.

– Минаа само 15 месеци и можете ли да ми кажете каде една компанија, еден градежник, кој гради зграда за 15 месеци. Во најдобар случај, проектот трае две години, од почетокот со градба. Многумина кои велат дека изборите се наблжуваат и затоа работите. Не. Сите овие градилишта кои денес се отворени во Албанија, почнаа со работа пред две, три, четири, пет години. Додека градилиштата за обнова на последиците од земјотресот не доцнат, туку напротив се со планирата динамика. За да стигнеме до почеток на градба, моравме да се справиме со бескрајни документи за сопственост, рече Рама.

Тој додаде дека е многу горд што Владата им ги враќа на учениците, родителите, наставниците, училиштата, градинките, објекти кои сега се според сите стандарди и оти разликата е како ноќ и ден, со оние претходните. Сега, според Рама училишта и градинките се идентични со оние во земјите членки на Европска Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот