Ра­јот на Стинг во Тоскана

Instagram

Свет­ски по­пу­лар­ни­от му­зи­чар Стинг пред по­ве­ќе го­ди­ни ку­пи имот во Тоскана, што со сво­ја­та соп­руга, ак­тер­ка­та и про­ду­центка Тру­ди Стај­лер, го прет­во­ри­ја во ма­гично, инс­пи­ра­тив­но место.

Villa Il Palagio, Sting's Villa in Tuscany entrance

Глав­на­та ви­ла рас­по­ла­га со ком­плек­сни де­тал­ни и лук­суз­ни за­бав­ни прос­то­рии кои вклу­чу­ва­ат трпе­за­ри­ја и днев­на со­ба во ба­рон­ски стил, ка­ко и та­ван со фрески.

Ис­то така, во глав­на­та ви­ла се на­о­ѓа и му­зич­ка прос­то­рија, ком­плет­но сту­дио за сни­ма­ње и вин­ска виз­ба пол­на со ита­ли­јан­ски вина.

Villa Il Palagio, Sting's Villa in Tuscany lake

Глав­на­та ви­ла рас­по­ла­га со де­вет спал­ни – де­сет­та­та спал­на со­ба е ре­зер­ви­ра­на за ек­склу­зив­на упот­ре­ба од стра­на на Стинг и Стај­лер, а има и пет гос­тин­ски куќи.

Се ра­бо­ти за имо­тот Ил Па­ла­џо во Тоска­на од 16-ти­от век, ка­де Стинг поч­на и со про­из­вод­ство на ви­но на соп­стве­ни­от ло­зов на­сад. На по­че­то­кот му­зи­ча­рот про­из­ве­ду­вал ви­но са­мо за соп­стве­ни пот­реби, ме­ѓу­тоа по­доц­на за­поч­нал и со про­из­вод­ство на по­го­ле­ми ко­ли­чи­ни и из­воз.

Villa Il Palagio Instagram
Instagram

Се­га оваа ви­ла е дос­тап­на за на­ем за си­те ту­рис­ти кои мо­жат да си доз­во­лат да ја из­нај­мат. Так­во за­до­вол­ство чи­ни око­лу 7.000 ев­ра не­дел­но за шес­те об­јек­ти во кои мо­же да се смес­тат 50 гости. До 200 лу­ѓе мо­же да ужи­ва­ат во рас­кош­ни­от ита­ли­јан­ски имот кој има ба­зен, шу­ма и езеро.

Villa Il Palagio, Sting's Villa in Tuscany outdoor seating

Во по­ну­да­та е вклу­че­на и де­гус­та­ци­ја на ви­на од при­ват­на­та ви­на­рија, а на гос­ти­те дос­тап­но им е и по­слу­же­но ја­де­ње во рес­то­ра­нот со ита­ли­јан­ска храна, ко­рис­те­ње на ба­зе­нот и про­шет­ка во прек­рас­на­та гра­ди­на ди­зај­ни­ра­на во кла­си­чен ита­ли­јан­ски стил.

Image result for sting toscana

Стинг оваа ви­ла ја ку­пил во 1999 го­ди­на и це­лос­но ја ре­но­ви­рал, а по­доц­на ку­пу­ва и до­пол­ни­тел­но зем­јиште. Му­зи­ча­рот во ед­на при­ли­ка из­ја­вил де­ка нај­прво се за­љу­бил во ку­ќата, а лоз­је­то би­ло на вто­ро место, до­да­вај­ќи де­ка имо­тот го ку­пил за „две-три песни“.

Villa Il Palagio, Sting's Villa in Tuscany wisteria

Стинг сме­тал де­ка ви­но­то од не­го­ви­от имот не е до­вол­но до­бри, па нап­ра­вил мно­гу про­мени, со цел да нап­ра­ви неш­то уни­катно. Са­кал да нап­рави, ка­ко што ре­кол тој, препoз­нат­ли­во ви­но ко­еш­то има до­бар по­че­ток, сре­ди­на и крај.

Villa Il Palagio, Sting's Villa in Tuscany swimming pool

– Са­кав­ме ви­но­то да ја реф­лек­ти­ра ма­ги­ја­та на мес­тото, за­тоа што, зна­ете, ту­ка пра­вам му­зи­ка и тоа е инс­пи­ра­тив­но мес­то – ре­кол Стинг.

Villa Il Palagio, Sting's Villa in Tuscany facade and Italian garden

Ду­ри и со не­го­ви­от му­зич­ки ан­гаж­ман, тој се­ко­гаш на­о­ѓа вре­ме за сво­јот имот во Тоскана, кој­што го сме­та и за све­то мес­то и за дом. На пра­ша­ње да­ли оче­ку­ва про­фит од ин­вес­ти­ци­јата, тој на ше­га из­ја­вил де­ка не е тол­ку на­и­вен, но де­ка се на­де­ва де­ка ќе ги пок­ри­ва тро­шо­ците.

Villa Il Palagio, Sting's Villa in Tuscany chessboard

– Му­зи­ка­та е таа што ги пла­ќа смет­ки­те – ре­кол му­зи­ча­рот.

На имо­тот се про­из­ве­ду­ва и мед и мас­ли­но­во масло.

Villa Il Palagio, Sting's Villa in Tuscany facade

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот