Рајан Рејнолдс ја продава својата мобилна мрежа за 1 милијарда долари, новиот сопственик ќе стане „Ти-мобајл“

Profimedia
Рајан Рејнолдс / Фото: Профимедиа

Актерот Рајан Рејнолдс е сопственик на четвртина од мобилната мрежа „Минт мобајл“, а сега таа ќе биде продадена на германскиот мобилен оператор „Ти-мобајл“ за неверојатна сума од 1,35 милијарди долари.

Како што пишува „Блумберг“, актерот поседува приближно 25 отсто од компанијата, а по продажбата на мрежата ќе продолжи да работи за неа како нејзин портпарол.

„’Минт мобајл’ е најдобрата понуда во безжичната технологија и денешните вести само ја зголемуваат нашата способност да им ги испорачаме услугите на нашите корисници. Среќни сме што ‘Ти-мобајл’ ја победи агресивната понуда на мојата мајка Тами Рејнолдс во последен момент. Веруваме дека извонредноста на нивната 5G мрежа стратешки подобро ќе се вклопи од натпросечните вештини за маџонг (кинеска игра) на мајка ми. Горд сум на целиот тим на ‘Минт’ и возбуден сум за она што следува“, рече Рејнолдс во неговото видео на Твитер.


Мобилната мрежа „Минт мобајл“ е формирана во 2016 година, а нејзини основачи се Дејвид Гликман и Ризван Касим. Актерот Рејнолдс купи дел од компанијата во 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот