Радески: Тимот ми помогна да го постигнам првиот хет-трик во европските натпреварувања

фото: F.C. Struga

Марјан Радески блескаше во реваншот против Будуќност во Подгорица од Конференциската лига постигнувајќи го првиот „хет-трик“ во европските клупски натпреварувања.

Заедно со него во листата на стрелци се запиша и Бесарт Ибраими, за триумф на Струга Трим Лум (4:3), и пласман во третото елиминациско коло, каде што актуелниот македонски шампион ќе ги одмери силите со Есперанж од Луксембург.

Радески им се заблагодарува на соиграчите за овие голови, бидејќи без нивна помош немаше да постигне такво нешто.

– Одлична игра од сите нас. Драго ми е што тимот ми помогна да го постигнам првиот хет-трик во европските натпреварувања. Навистина сум многу благодарен, бидејќи да не беа моите соиграчи, немаше да го постигнам овој успех. Ова е навистина неописливо чувство за мене индивидуално, но и за тимот, бидејќи на овој начин му помогнав на тимот да ја испише најновата историја. Слободно можам да кажам дека ние во Струга Трим Лум функционираме како семејство, па не ни недостигаат успеси. Сите фудбалери го даваат својот максимум на теренот, а пред сè се трудиме строго да ги следиме наредбите на тренерот Дуро кој одлично си ја врши работата со тимот – рече Радески.

На 6 август ќе започне новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а играчите на Шпетим Дуро во првото коло ќе играат дома против Гостивар.

– Се фокусираме на следните натпревари, нè очекува првенствената пресметка против Гостивар, а потоа и натпреварот од третото коло против Есперанж. Стоиме цврсто на земја и тимски одиме чекор по чекор – вели Радески кој сега има учинок од шест гола во европските натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот