Радарите на контролата на летање останале без слика минатиот септември? Што се случувало во М-НАВ?

Ноќта меѓу 19 и 20 септември минатата година, радарите на Контрола на летање останале без слика, објави „Дојче Веле“. Според М-НАВ, тоа траело „половина час“, додека, пак, други извори на „Дојче Веле“ велат дека сликата се изгубила на „неколку часа“.

За инцидентот биле известени Центарот за проток на сообраќај во Брисел, Агенцијата за воздухопловство и Комитетот за сериозни инциденти и несреќи.

Опозициските обвинувања за Генералниот секретар на Владата, го отворија прашањато – каква е безбедноста во авиосособраќајот? Владата вчера разгледувала класифицирани информации на оваа тема.

За денеска напладне е закажана прес-конференција на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски за набавката на систем за следење на воздушниот сообраќај за потребите на М-НАВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот