ПУТИН ВО ИТАЛИЈА: Подароци за папата, но нема да го повика во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин, кој денеска е во посета на Италија, за време на својата посета на Ватикан, нема да го отвора прашњето за тоа да го повика папата Франциск да ја посети Русија, соопштил за новинарите советникот на Путин, Јуриј Ушаков.

-Тоа прашање сега не е во план. Мислам дека тоа прашање нема да се разгледува ниту од наша ниту од страна на Ватикан. Треба да ја земеме во предвид меѓуцрквената компонента на нашите односи, бидејќи папата не е само лидер на државата Ватикан, туку и поглавар на Римокатоличката црква – изјавил Ушаков.

Тој одбил да каже кој ќе биде подарокот од Путин за папата за време на планираната размена на подароци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот