ПУТИН СО ПОРАКА ДО ДЕМОНСТРАНТИТЕ: Ако одите на недозволени протести, подгответе се за бричење во затвор

Фото: Профимедиа

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека оние кои одат на недозволени протести треба да бидат подготвени да „дремат“ во затвор и да им бидат избричени главите при доаѓањето во таква установа.

– Ако не сте добиле дозвола за протест, а сепак протестирате, тогаш ве молам да одите на бричење во затвор, рекол Путин, додавајќи „малку да се одморите и опуштите таму“.

Неколку демонстранти во Русија кои присуствувале на протести кои немале дозвола веќе се осудени на казна затвор од пет години. Претставниците на опозицијата постојано повторуваат дека во Русија е многу тешко да се добие дозвола за организирање протест.

Со оглед на многу строгите закони во таа земја, во последно време често се случува некој демонстрант да застане сам со транспарент в рака, бидејќи тоа е единствениот облик на протест за кој не е потребна дозвола во Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот