Путин се закани: Кривична пријава за оние кои саботираат исплаќање на додатоци на здравствените работници

Претседателот на Русија Владимир Путин ги прекори функционерите во руската влада, бидејќи не објасниле јасно на раководителите на областите како да се поделат паричните стимулации за лекарите и другот медицински персонал кој работи во одделенијата каде се лечат заболените од коронавирусот.

Министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко изјавил дека сите кои работеле со заболените од коронавирусот најдоцна за неколку дена ќе го добијат додатокот кој им припаѓа.

На крајот на минатата недела рускиот претседател им се закани на раководителите на областите дека лично ќе одговараат ако до понеделник сите лекари и медицински персонал кој работи со заболените од коронавирусот не го добијат ветениот додаток на платата. Најавена е кривична пријава против оние кои ја саботираат одлуката на претседателот да се наградат луѓето чии животи се директно загрозени бидејќи постојано се во контакт со заболените од коронавирусот.

– Јасно реков дека во рок од три месеци лекарите на инфективните одделенија мораат на платата да добијат додаток од 80.000 рубљи, а медицинските сестри 50.000 рубљи. Наградите се предвидени и за други медицински работници, се до возачите на колата на Итната помош, рече Путин.

Руската влада ги префрлила парите од државниот буџет, но лекарите не ги добиле ветените рубљи, бидејќи администрацијата почнала да ги комплицира процедурите и да пресметува колку кој лекар бил во болницата во одделението каде биле лечени заболените од коронавирусот.

Во Русија досега се починати 186 лекари и медицински сестри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот