Путин: Непримањето вакцина против грип е како сами да си пукате во нога (ВИДЕО)
Рускиот претседател, Владимир Путин, во текот на советувањето со членовите на Владата на РФ, праша кој веќе примил вакцина против грип.
– Кој од членовите на владата веќе се вакцинираше – праша Путин и почна да ги брои рацете. „Еден, два, три… Само тројца. Јас четврти. И јас се вакцинирав“.
Претседателот потенцираше дека од овој момент секој што ќе се разболи од грип самиот ќе ја сноси одговорноста за тоа.
– Гриппом заболéл – самострéл“ – се пошегува Путин, нарекувајќи ги заболените од грип дезертери кои пукаат самите во себе (самострел) за да го ескивираат фронтот.
– Непримањето на вакцина е како самите на себеси да си пукате во нога – рече Путин.
Not getting a flu vaccine is like shooting yourself in a foot – Putin pic.twitter.com/sa1IpLiENQ
— RT (@RT_com) November 13, 2019
Членовите на министерскиот кабинетот многу ги насмеа оваа игра на зборови на Путин, а момент потоа сите се онерасположија.
– Поинаку и не може да биде. Можевте да го спречите грипот, а не го спречивте. Ве советувам уште еднаш да размислите за тоа – заврши Путин.