Путин неделава може да објави анексија на окупираните региони на Украина, тврди Британија

Владимир Путин
Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/MIKHAIL METZEL

Постои „реална можност“ рускиот претседател Владимир Путин да објави анексија на окупираните региони на Украина кога ќе се обрати во рускиот парламент во петок, велат од британското Министерство за одбрана, пренесува Би-Би-Си.

Во окупираните области во земјата веќе неколку дена се одржуваат референдуми кои треба да завршат денеска.

Украина и Западот велат дека резултатот е веќе одлучен од Кремљ и ќе се користи како изговор за нелегално присвојување на териториите.

„Руските лидери речиси сигурно се надеваат дека секоја најава за пристапување ќе се смета за оправдување на „специјалната воена операција“ и ќе ја консолидира патриотската поддршка за конфликтот“, соопшти Министерството за одбрана.

Но, се додава дека оваа надеж „најверојатно ќе биде поткопана од зголемената домашна свест за неодамнешните уназадувања на бојното поле на Русија и значителниот гнев кај Русите за делумната мобилизација“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот