Путин не планира да се повлече од претседателската функција

Рускиот претседател кој е на власт повеќе од 20 години, го поддржа предложениот уставен амандман со кој му се дава можност да се кандидира за петти мандат.

Владимир Путин, ќе може да се кандидира по петти пат за претседателската функција и по 2024 година. Тоа го дозволуваат усвоените измени на Уставот кои во руската дума поминаа со поддршка од 383 пратеници. За ваквата можност воздржани одтанаа 43 народни избраници, но ниту еден не се изјасни против.

Со тоа се зголемува можноста тој да остане на власт до 2036 година, а потоа повторно да биде реизбран за шест години. Сега уставните измени треба да бидат одобрени од Уставниот суд, а за 22 април е закажан и референдум за ова прашање.

Путин кој е на власт повеќе од 20 години, го поддржа предложениот уставен амандман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот