Путин и Шојгу играа хокеј на Црвениот плоштад во Москва (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV

Претседателот на Русија Владимир Путин учествуваше во новогодишниот натпревар на Ноќната хокеарска лига, која започна во вчеравечер на лизгалиштето на Црвениот плоштад во Москва, пренесуваат локалните медиуми.

Фото: EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV

Рускиот лидер традиционално го носеше дресот со број 11, а во неговата екипа, меѓу другите, беа и министерот за одбрана Сергеј Шојгу и легендите на домашниот хокеј Павел Буре, Валериј Каменски, Сергеј Фјодоров, Алексеј Касатонов и други, пренесе „Спутник“.

Противничкиот тим, кој играше со бели дресови, меѓу другите го сочинуваа Алексеј Ѓумин, бизнисмените Гендиј Тимченко, Владимир Потањин и Роман Ротенберг, како и музичарот Игор Бутман и подмосковскиот губернатор Андреј Воробјов.

Фото: EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот