Пулишиќ во Милан за 10 заминување од Челси: „Сините“ со заработка од 240 милиони евра

фото: EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Досегашниот напаѓач на Челси, Кристијан Пулишиќ најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Милан, пренесува новинарот Фабрицио Романо. Се финализираат и последните детали за трансферот од 20 милиони евра кој се очекува наскоро да биде реализиран.

Според информациите американскиот крилен фудбалер, за чии услуги интерес покажа и Лион, ќе потпише повеќегодишен договор со „росонерите“. И самиот Пулишиќ има желба да се пресели во Милан каде го чека Рубен Лофтус-Чик кој исто така играше за „сините“.

Во летото 2019 во Лондон репрезентативецот на САД пристигна за 64 милиони евра од Борусија Дортмунд. На „Стемфорд Бриџ“ воглавно беше во втор план, на 145 настапи запиша 26 голови и 21 асистенција.

Со неговото заминување продолжува егзодусот од Челси, откако сопственикот на клубот, Тод Боли реши да го распродаде речиси целиот тим ова лето. До сега си заминаа Каи Хаверц, Мејсон Маунт, Матео Ковачиќ, Калиду Кулибали, Едуард Менди, Тиему Бакајоко, Рубен Лофтус-Чик, Нголо Канте и Сезар Аспиликуета.

Лондонските „сини“ заработија 220 милиони евра, а Пулишиќ таа сума ќе ја зголеми на 240.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот