ПСЖ соочен со голем проблем како да го задржи Мбапе

фото: EPA-EFE/Christophe Petit Tesson

Најдобриот фудбалер на ПСЖ, Килијан Мбапе му порача на клупското раководство дека нема да ја активира клаузулата во договорот за автоматско продолжување на договорот до 2025 година.

Како што пренесува француски „Л’Екип“, тоа значи дека договорот на Мбапе истекува во 2024 година.

Првите луѓе на клубот од „Паркот на принцовите“ сега имаат две опции – да потпишат нов договор со одличниот напаѓач, што е малку веројатно, или веднаш да го продадат за следното лето да не го напушти клубот без ниту едно евро надомест.

Доколку фудбалерот одлучи да го напушти ПСЖ, можно е да бидеме сведоци на најголемиот трансфер во историјата на фудбалот. А заинтересирани страни секако има за услугите на еден од најдобрите светски напаѓачи.

Реал Мадрид најмногу се поврзува со Мбапе, а изминатиот период претседателот на „кралскиот“ клуб Флорентино Перез ги изненади сите во јавноста со кратката изјава за еден фан дека има намера да го ангажира Французинот, но дека тоа нема да го направи годинава, туку во 2024.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот