ВИДЕО | Флорентино Перез: „Да, ќе го донесеме Мбапе во Реал, но не оваа година“

фото: EPA-EFE/SERGIO PEREZ

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ја шокираше фудбалската јавност давајќи го долгоочекуваниот одговор во најизненадувачкиот момент.

Првиот човек на „кралскиот“ клуб беше дециден дека во шпанската престолнина ќе ја доведе големата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, но тоа нема да се случи во 2023 година.

Перез беше прашан од фан на Реал дали ќе го донесе Мбапе во Реал и одговори: „Да, но не оваа година“.

Французинот минатото лето беше голема трансфер цел на шпанскиот гигант, но повторно потпиша со ПСЖ. Сега Реал Мадрид има план да го ангажира како слободен играч во 2024 година.

Според последните информации во медиумите, напаѓачот планира да ги напушти париските „светци“ следната година. Реал трпеливо ќе чека, а од зборовите на Перез можеме само да нагаѓаме за неговите намери и дали ќе го ангажира Мбапе токму во 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот