ПСУ „Јахја Кемал” објавува конкурс за доделување стипендии за средно образование

ПСУ „Јахја Кемал” објавува конкурс за доделување на стипендии за средно образование. Тестирањето за стипендија ќе се одржи на 9 мај 2021 година во 11.00 часот (Скопје, Тетово-Боговиње, Струга).

На конкурсот можат да се пријават ученици од деветтите одделенија на веб страната на колеџот до 07 мај 2021 година.

На тестирањето за стипендија: ќе се одговара на прашања по математика, општа култура и на прашања за проверка на интелигенцијата; тестирањето за стипендија ќе се полага на македонски, албански, турски и англиски јазик; за тестирањето не е задолжително познавање на англискиот и турскиот јазик, информираат од ПСУ „Јахја Кемал”.

Доколку учениците се рангираат на првите 25 места на тестирањето ќе добијат попусти на износот на школарината (посебно за Скопје, Тетово-Боговиње и Струга), според долунаведеното:

1. место 100%,   4. место 70%,   10-13 место 40%,

2. место 90%   5-6 место 60%  14-19 место 30%,

3. место 80%   7-9 место 50%  15-25 место 20%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот