Прво место за македонскиот возач Игор Стефановски на трката во Португалија

фото: Игор Стефановски Иџе/facebook

Уште еден врвен резултат во кариерата на македонскиот возач Игор Стефановски кој оствари победа во Португалија во рамките од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки.

Во својата категорија нашиот Иџе во Брага го освои првото место со време 2:12.780 со „Хјундаи и30 ТЦР“.

На патеката Рампа да Фалпера“ на втората позиција се најде О`Плеј од Италија (2:15.414), а третопласиран е Германецот Ервин Бак (2:16.912).

Втора година по ред Стефановски се враќа триумфално од Брага.

Оваа победа е за мојата Македонија – стои во фејсбук објавата на „летечкиот“ Македонец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот