Прво гренд слем полуфинале за Ник Кирјос

Ник Кирјос/фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Австралискиот тенисер Ник Кирјос за прв пат во својата кариера ќе игра во полуфинале на гренд слем турнир откако денеска во три сета го совлада Чилеанецот Кристијан Гарин во четвртфиналето на Вимблдон.

Кирјос за два часа и 15 минути тенис со 6:4,6:3,7:6 го победи Кристијан Гарин од Чиле и потврди дека се наоѓа во одлична форма.

Ова беше 12 победа во 14 меч на трева годинава и стана првиот полуфиналист што не е носител од 2008 година кога таков успех остварија Рајнер Шутлер и Марат Сафин.

Кирјос одигра одличен меч, му дозволи на противникот да направи само еден брејк, додека тој три пати го одзеде сервисот на Гарин, а притоа имаше и 17 ас сервиси.

Највозбудливо беше во третиот сет во кој и двајцата тенисери беа ситурни на свој сервис поради што мораше да се игра тај-брејк во кој австралискиот тенисер беше подобар и на крајот сосема заслужено обезбеди пласман во полуфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот