Првиот дигитален Конгрес на СДСМ ќе се одржи преку Зум

СДСМ фото архива на Слободен печат

Владејачката партија СДСМ денеска ќе го одржи 25. Конгрес, кој ќе биде прв дигитален во земјава, а за таа цел, како што нагласува партијата, ќе се користат современи дигитални платформи и алатки.

Првиот дигитален Конгрес на СДСМ ќе се одржи преку електронска платформа Зум, а партијата на овој чекор се решила заради заштита на здравјето на граѓаните, делегатите, медиумските работници.
Конгресот ќе го отвори ќе го води претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Ќе има отворен и работен дел со соодветен пренос во живо.
Од владејачката парија претходно најавија дека на конгресот ќе  се анализаат изборните резултати, и ќе се даде отчет за досега сработеното. Исто така  ќе се презентираат и идните планови на партијата.
Отворениот дел од Конгресот во живо ќе може да се следи на следните линкови: на македонски јазик: https://youtu.be/uWgxIHylWy4, на албански јазик: https://youtu.be/l2uOnJ6ZZMA и на англиски јазик: https://youtu.be/y_C1YB_Bxuk
Директни линкови ќе бидат на располагање и на официјалната интернет страница на СДСМ (www.sdsm.org.mk )
По завршување на Конгресот, претседателот на партијата, Зоран Заев, ќе одржи прес-конференција, на која ќе ги презентира донесените одлуки. Прес конференцијата ќе се реализа преку дигиталната платформата Зум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот