Прва лига: Пелистер ја прекина победничката серија на Феникс 2010

фото: kfsm.mk

Денеска во 17 коло од Првата македонска кошаркарска лига екипата на Пелистер со 71:67 славеше против Феникс 2010.

Првата четвртина ја добија играчите на Феникс 2010 кои имаа убедливи 22:9. Тоа не ги загрижи домаќините кои постепено ја намалуваа негативата во вторите 10 минути и на пауза нивниот ривал имаше само 37:31.

Во третата четвртина рамноправна борба на двете страни, Пелистер не само што успеа да израмни, туку и да поведе со 47:45, а пред стартот на последната делница со 54:52.

Пелистер до крајот на мечот не му дозволи на Феникс 2010 да дојде повторно до нова позитива. Иако Феникс 2010 се доближи на 60:59, следуваше серија на Пелистер од 10:5 што значеше крај на сите дилеми околу победниот.

Прв стрелец во редовите на битолскиот тим беше Босанецот Планиниќ со 21 поен, а на спротивната страна доминираше Американецот Хејнс-Џонс со 24 поени.

Моментно на табелата Пелистер е на второто место со 29 бодови, колку што има и МЗТ Скопје Аеродром на првата позиција, со напомена дека актуелниот шампион својот меч од оваа рунда ќе го има од 18.00 часот против Охрид.

Составот на Феникс 2010, кој до стартот на овој меч имаше четири победи во низа, по седмиот пораз сезонава е на шестото место со 27 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот