Противпожарни апарати се купуваат колку да ги има

Фото: Слободен печат

Во земјава исклучително малку внимание се посветува на противпожарната заштита. За тоа говори фактот што компаниите, јавните институции и домаќинствата секогаш се одлучуваат да обезбедат поевтин противпожарен апарат дури и без сертификат и со помала моќност, несоодветна на квадратурата, само колку да го имаат во документација.

Ова денеска за „Слободен печат“ го изјави дипломиран електроинженер кој повеќе од 30 години се занимава со противпожарна опрема, а кој сакаше да остане анонимен. Тој вели дека на пазарот не смеат да се појавуваат неквалитетни ПП апарати, но Дирекцијата за заштита и спасување е таа која дозволува увоз.

– Дирекцијата е таа што треба да се води сметка за да се увезува и набавува квалитетна опрема согласност стандардот. Има секакви примери. Се случува дури да се увезе апарат без етикета па во печатница им ги штампаат што да пишува на нив. Но, дури и да се увезе неквалитетна ПП опрема, истата не би се носела до крајните потрошувачи доколку тендерите се распишуваат како што треба. Ние имаме многу примери кога од нас наместо сертификат за квалитет обезбеден од производителот, се барала изјава за производот која може да ја напише кој било. Таков сертификат издава независна акредитирана лабораторија. Таква се МПА Дрезден и Апрагаз во Белгија, но најголем дел од купувачите сертификатите не им  се важни, туку цената, вели нашиот соговорник.

Од друга страна прооблематично е одржувањето на апаратите.

– Апаратите мора да се одржуваат, контрола и проверка треба да се прави на секои шест месеци или најмногу на една година. Проблематично е тоа што диструбутерите на противпожарна опрема немаат сервиси за одржување на истата. Одржувачите треба треба да имаат лиценца, да се обучени, а лиценците ги земаат од ДЗС, што е недозволиво, бидејќи на тој начин секој со полагање може да се стекне со лиценца, што е и случај. Затоа, кога државата дозволува влез на производот на пазарот, мора да обезбеди и сервис за негово одржување, нагласува соговорникот.

За да се избегне купување противпожарна опрема само за во документација би требало да се вклучат и осигурителните компании, вели тој.

– Осигурителните компании се коректор на случувањата. Ние имаме примери кога големи корпорации купуваат најквалитетна опрема која гарантира справување со пожарот за да можат да склучат договор со осигурителна компанија, која пак не ги соработувала со нив ако не е сигурна дека тие се навистина заштитени од пожар. Но за жал тоа го прават само високопрофитабилни приватни  компании. Сите останати не внимаваат на тоа. Ниту училишта, ниту детски градинки, дури ни болници, каков што беше примерот со  пожарот од пред три дена, вели тој, но додава дека ниту една ПП опрема немало да може да го  изгасне тој пожар затоа што станувало збор за експлозија која брзо  се проширила.

Во Македонија не се внимава ниту на материјалот за градба. Доколку се  користи материјал кој брзо се распалува тогаш веројатноста за ширење на пожарот е голема и затоа ниту еден објект изграден од запалливи материјали не би требало да помине на технички прием од причина што не ги исполнува условите пропишани во проектот за заштита од експлозии. Исто така неопходно е во објектите да има противпожарни врати. Такви има во хотелите од повисока категорија и повторно, во големите корпорации кои навистина се грижат за својата безбедност, нагласува соговорникот на „Слободен печат“.

Во последниве десет години значително е зголемен интересот за купување на ПП апарати.

-Често купуваат поединци, бидејќи внатрешните хидранти во зградите не се добри. Се организираат и се случува да дојдат и одеднаш да купат за сите станари во една зграда. ПП апаратите не се скапи, посебно за домаќинствата. 500 денари е мал ПП апарат од 2кг, 1000 денари е од 3 кг, од 6 кг чини 2.000 денари, а од 9 кг чини 3.000 денари, вели соговорникот.

ПП апарат мора да имаат сите товарни возила, службените патнички возила кај нас не мораат да имаат ПП апарат за разлика од останатите земји во регионот и Европа каде тој уред е задолжителен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот