Протест поради загадениот воздух во Тетово во пресрет на владината седница

Протест поради енормно загадениот воздух на улицата пред зградата на општина Тетово, вечерва одржаа граѓани по повикот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово.

Поради одржување на владина седница нив не им беше дозволено протестот да го одржат пред зградата на општината, туку стотина метри подалеку.

– Денешниот протест е поради енормната загаденост која ја имаме деновиве. Општината и централната власт кажуваат дека загаденоста е поради реконструкција на улицата. Но, тоа не е вистина. Загаденост во Тетово имаме во интервал од 21 часот до 23 часот. Ниту општината ниту централната власт не преземаат мерки и ние вршиме притисок тоа да го направат. Во Тетово поради последици на загаден воздух има 261 лице починато што е најмногу во Македонија. а мерки нема никакви. Владата да преземе мерки, ако не ќе го повикаме целото население во градот Тетово на протест, изјави Ангел Карапетров, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Тетово.

– Изненадени сме посебно зошто градоначалничката Теута Арифи како жена не обрна внимание на хигиената и општо за здравјето на луѓето што е многу важно. Овде нема политика, овде има живот за сите граѓани подеднакво дали е воздух или друго мора да се обрне внимание, изјави Светлана Карапетрова.

Пред зградата на општина Тетово изјави дадоа и претставници на партиите Алијанса за Албанците и Беса кои исто така побараа Владата на седницата да даде одговор на нерешените проблеми на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот