Протест поради непоставувањето на албанското знаме за градскиот празник во Куманово, Димитриевски го оцени како политички мотивиран

Група граѓани, денеска протестираа пред Општина Куманово за да изразат својот револт од непоставувањето на албанското знаме при одбележување на празникот на градот – 11 Ноември. Знамето, појаснија од Општината, не е поставено со останатите знамиња на делегациите од градовите од повеќето држави, бидејќи не присуствувала делегација од соседна Албанија.

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски вели дека протестот е класична манипулација на поединци од политичка партија кои во предизборие сакаат да се стекнат со ситни политички поени, нагласувајќи дека Општина Куманово е пример во кој се почитуваат законите и употребата на знамињата се почитува доследно. Општината, додава тој, е збратимена со повеќе градови од државите од соседството и при одбележување на денот на градот се поставуваат државни одбележја на гостите, што е воспоставена пракса со години. Годинава, Општина Драч од Албанија не пријавила присуство и затоа не е поставено знамето.

Прочитајте и...  До 15 јули може да се аплицира за финансиска поддршка за набавени назимки и пчелини матици

-Првпат по повод пет века постоење Куманово организираше концерти на мега ѕвезди, рок групи од различни етнички заедници, И тој настан помина одлично, имавме над 10.000 млади кои се забавуваа, но очигледно таква состојба не им одговара на некои поединци. Конкретно за знамето на Албанците јас немам никакви стереотипи, рече Димитриевски, покажувајќи кон маса на која се поставени бројни знамиња од повеќе држави.

Тој рече дека Куманово ќе продолжи да ги негува пријателските односи со братските градови од сите држави и ќе продолжи да работи поеднакво за сите граѓани без оглед на етничка, политичка, верска припадност.

-Такви поединци мислат дека со реторика од 80-тите, 90-тите ќе постигнат повеќе на политички план. Им испраќам порака дека е погрешна таа насока, сега е 21 век, правата на заедниците се далеку унапредени, граѓаните не се оптоваруваат со вакви проблеми кои се дефинирани со закон, туку бараат решенија за прашања од инфраструктурата, социјални проблеми кои ние нивните избраници треба да ги решаваме, рече Димитриевски.

Прочитајте и...  Ново жариште во Италија: Се вратил од Косово и место да седи во самоизолација, правел забава

На денешната седница на Советот, советникот Осама Муадини побара почнување на постапка за именување на улици каде што живеат припадници на албанската етничка заедница. Тој рече дека ќе ги поддржи и останатите припадници на етничките заедници во барањата на истакнати поединци од сите етнички заедници, што беше одбиено од Советот, поради чуствителноста на периодот и најавите за предвремени избори.

Дел од советниците истакнаа дека е потребно Комисија внимателно да ги разгледа предлозите. Димитриевски, пак, рече дека ваквите иницијативи придонесуваат за поделби и дека на граѓаните им е побитна инфраструктурата отколку името на улицата, но сепак нагласи дека Советот е тој кој се произнесува за ваквиот предлог.

Прочитај повеќе

Изработен прирачник „Купувам домашно“ со објаснување што сè спаѓа во домашни производи

Слободен печат

Северна Кореја ги отфрли надежите за продолжување на преговорите со САД

Слободен печат

Ново жариште во Италија: Се вратил од Косово и место да седи во самоизолација, правел забава

Слободен печат

Белградската „Штарк арена“ повторно станува ковид-болница

Слободен печат

Вице Заев: Објавените разговори се рекла-кажала лаги од трети лица

Слободен печат

Во Хрватска нови 86 заразени со корона вирус

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

На протест во Рим здружните десничарски партии побараа предвремени избори

Слободен печат

Николоски од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи увоз додека не се откупи домашниот тутун

Слободен печат

Во Црна Гора се одложуваат молитвите, литиите и другите собири на СПЦ

Слободен печат

МФ изработи прирачник „Купувам домашно” со објаснување што се спаѓа во домашни производи

Слободен печат

Царовска на средба со Форум на жени од Карпош: Со цврста заложба ја јакнеме родовата еднаквост

Слободен печат

Носителот на листата во ИЕ 3 од Левица Мрмов од Делчево најави поголема заштита на работничките права

Слободен печат