Прооден патот Маврово – Маврови Анови

пат, снег, Фото: МИА

Од 8.30 часот се укинува забраната за тешки моторни возила на патниот правец Маврово – Маврови Анови, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Останува забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Берово-Струмица која важи од вечар поради обилните врнежи од снег и паднати дрвја на патот. Екипи на „Македонијапат“ во текот на вчерашниот ден работеа на отстранување на паднатите дрвја.

На останатите патишта низ државата, според утринските информации на Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот