Пронајдено тело на девојче во контејнер во Торонто

Торонто полиција/ Фото Canadian Press / Shutterstock Editorial / Profimedia

Полицијата во Канада се обидува да идентификува девојка чие тело е пронајдено во контејнер во Торонто, мрачно откритие што го потресе градот и искусните инспектори кои го истражуваат случајот, пишува Гардијан.

Полициската служба во Торонто објави дека телото, откриено уште во понеделникот во богатата населба, е на црно девојче за кое се верува дека е на возраст меѓу четири и седум години.

Инспекторите за убиства ги вкрстуваат описите на детето со случаи на исчезнати лица низ целата земја, но признаваат дека детето можеби не било пријавено за исчезнато.

„Наш прв приоритет сега е да го утврдиме идентитетот на ова мало девојче.“, им рече на новинарите инспекторот Хенк Идсинга. „Децата не умираат туку така“.

Во средата беше извршена постморта, но полицијата се уште не ја утврди причината за смртта.

Полицијата вели дека според досегашните извештаи, девојчето би можело да биде мртво уште пред минатото лето.

Полицајците беа повикани во градилиште во Розедејл, една од најбогатите населби во градот. Тие го пронашле телото на девојчето завиткано во ќебе во пластична кеса.

Инспекторите веруваат дека нејзиното тело било оставено на градилиштето помеѓу 28 април и 2 мај, локација во близина на автопат и блиску до станбена зграда. Иако нема камери директно свртени кон контејнерот, полицијата почна да собира снимки од блиските камери.

Градоначалникот на Торонто, Џон Тори, случајот го нарече „неискажлива трагедија“ и ги повика сите што би можеле да ги препознаат ќебињата или да знаат за девојката која одговара на полицискиот опис, да се јават во полиција.

Жителите веќе го претворија предниот дел на имотот во импровизиран споменик за детето. Некои ставија цвеќиња, други картичка на која пишуваше „Малечко, се молиме небото да ти ги исуши солзите“.

Пронајдено тело на девојче во Торонто/Фото Canadian Press / Shutterstock Editorial / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот