Пронајдено мртво машко тело во реката Вардар кај тетовско Радиовце

Полиција / Фото: МВР

Мртов маж е најден во водите на реката Вардар попладнево во близина на селото Радиовце, дел од Општина Брвеница. Телото е забележано околу 14 часот по што е пријавено во полицијата, по што е започнат увид од институциите.

– Околу 14 часот во полициската станица Жеровјане пријавено е дека на течението на реката Вардар во близина на браната кај Радиовце е најдено безживотно тело. По пријавувањето на местото се пристигнати екипи од СВР Тетово, Основно јавно обвинителство по што е започнат увид со цел идентификување на безживотното тело и расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.

Од тетовската пожарна информираа дека нивните стручни лица учествувале во вадењето на телото од реката Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот