Пронајдено бебе во канта за отпад, мајката приведена за обид за убиство

Фото: Профимедиа

Грчката полиција уапси 24-годишна жена, откако е пронајдено бебе во канта за отпад во грчиот градот Каламата, пренесе Би-би-си.

Бебето, кое било старо само неколку дена, вчера случајно било пронајдено од една жена која жена жител на тоа место, која го слушнала бебето како плаче.

Како што се наведува, бебето имало среќа бидејќи ѓубреџиите доцнеле тој ден, а доколку  жената не го забележала бебето тоа сега ќе било мртво.

-Бебето имало среќа во несреќа. Тој ден доцнел камионот за собирање на ѓубрето-изјавил градоначалникот на Каламата, Танасис Василопулос.

Жената која го пронашла бебето, Василики Тсони, рекла дека бебето било во хартиена кеса.

Подоцна полицијата ја потврди информацијата и осомничената, наводно мајка на бебето, која е грузиска државјанка. Таа е уапсена за обид за убиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот