Промени во раководството на УНИБанка

УНИБанка направи промени во оперативното раководство на финансиската институција. По 16 години работа во УНИБанка, г-н Коста Митровски се повлекува од позицијата на Главен Извршен директор и Претседател на Управниот Одбор на банката, сметано од 10.05.2019 година.

Раководството на УНИБанка е благодарно за придонесот на г-н Митровски во развојот на банката, за долгогодишната работа во насока на зацврстување и докажување на институцијата како стабилен и сигурен партнер за клиентите и му посакува успех во понатамошните активности.

Работните обврски на г-н Митровски ќе бидат распределени меѓу останатите тројца членови на УО и воедно Извршни директори на УНИБанка – г-н Делчо Крстев, г-н Владислав Хаџидинев и г-ѓа Милка Тодорова.

УНИБанка е една од наjбрзо растечките компании во земјата, со активи од над 330 милиони евра и добивка од 4,35 милиони евра за 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот