Пролет потпиша со двократен европски шампион - Слободен печат

Пролет потпиша со двократен европски шампион

Мартин Поповски е најнов ракометар во таборот на Тинекс Пролет, откако македонскиот репрезентативец денеска потпиша договор со клубот.

Поповски, кој е двократен европски првак со Вардар, во изминатиот период тренираше со Тинекс Пролет и остави одличен впечаток и кај стручниот штаб и кај соиграчите, по што експресно беше постигнат договор за соработка во наредната сезона.

Беше трета опција во тимот на Вардар во последните години, зад Чупиќ и Шишкарев, но често шанса во СЕХА-лигата и се покажуваше во добро светло во црвено-црниот дрес. Нема сомнеж дека одличното десно крило, кое добро се снаоѓа и на бековската позиција, ќе му биде од огромна помош на Тинекс Пролет во битката за висок пласман во новата сезона. Поповски ќе биде во комбинација за настап веќе на премиерниот натпревар од новата сезона, што ќе ја стартува екипата в сабота (7 септември) на домашен терен против тимот на Охрид (19.00 часот).

Прочитајте и...  ЕХФ тв: Навивачите на Вардар го одбележаа викендот во ЛШ! (ВИДЕО)

– Мартин тренираше со тимот, му излеговме во пресрет по заминувањето од Вардар, а потоа и лесно се договоривме за соработка. Договорот е тој да остане во Тинекс Пролет до крајот на сезонава, освен доколку во меѓувреме не добие примамлива понуда од странство – изјави директорот на Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.

Прочитај повеќе

МЕГА СКАНДАЛ во Барселона: Претседателот Бартомеу на социјалните мрежи ја оцрнувал својата најголема ѕвезда, Лионел Меси

Слободен печат

Наставник на учениците им дал тест во чест на Коби Брајант

Слободен печат

Избран слоганот на Олимписките игри во Токио (ВИДЕО)

Слободен печат

Ајакс на лето ќе биде како супермаркет, дури осум фудбалери си заминуваат

Слободен печат

Реал ја одреди цената на Хамес Родригез

Слободен печат

Касилјас и официјално ќе се кандидира за претседател на Шпанската федерација

Слободен печат

Остави Коментар

2 × четири =

Прочитај повеќе

Ленард: Ти благодарам Коби, за сè што направи за мене! (ВИДЕО)

Слободен печат

„Ла Лига“: Барселона има 15 дена да ангажира напаѓач

Слободен печат

Солскјер: Пол Погба не е играч на Рајола!

Слободен печат

ЕХФ тв: Навивачите на Вардар го одбележаа викендот во ЛШ! (ВИДЕО)

Слободен печат

Тодоров: Доста корисен тест пред Естонија и Русија!

Слободен печат

Рамос не знае да промаши откако си замина Кристијано Роналдо

Слободен печат