Професорка дала отказ, работата ѝ била претешка: Првиот ден на новото работно место отишла на штрајк!

хана литл
Хана Литл / Фото: Принтскрин Твитер / Pexels

Британска професорка стана тема на жестока дебата на социјалните мрежи кога новинарите открија дека таа штрајкува уште од првиот работен ден на новото работно место. Додека некои ја фалат, други пак, ја нарекуваат мрзелива.

Хана Литл последните неколку години предавала на факултет во Бристол, но воопшто не била задоволна со својот живот. Имала премногу работа и обврски, па решила да даде отказ.

Бидејќи има докторат по комуникациски науки, не ѝ требало долго време да најде нова работа.

Се одлучила за понуда од Универзитетот за медиуми и комуникации во Ливерпул. Знаела дека вработените во локалната образовна институција планираат наскоро да штрајкуваат, а на социјалните мрежи порача дека планира уште од првиот ден да им се придружи на колегите во борбата за подобри услови за работа.

„Денес ми е прв работен ден, но штрајкувам за работничките права. Малку ми е непријатно, но…“, изјавила Литл која преку социјалните мрежи ги поканила своите следбеници да донираат пари за професорите и останатите вработени кои се соочуваат со финансиски проблеми. „Не сум во такви проблеми, но познавам многумина кои имаат финансиски проблеми“, додаде таа.

Штрајкот наводно бил поддржан од некои студенти, а кога новинарите на „British Express“ се обиделе да стапат во контакт со неа, одбила да го коментира случајот. Додека некои ја фалат за нејзината упорност, има многу кои ѝ пишуваат да ја отфрлат со ентузијазам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот